Уште еден светски познат дизајнер ѝ удри корпа на Меланија – одби да ја облекува


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Том Форд е еден од повеќето модни дизајнери, кои одбија да работат за Меланија Трамп, идната прва дама на САД, а сега на тоа реагираше и самиот американски претседател Доналд Трамп.

„Ме замолија да ја облекувам Меланија уште пред неколку години и јас одбив. Не се вклопува во моите визии“, изјави модниот креатор за списанието View, додавајќи дека на американските претседателски избори гласал за Хилари Клинтон, противничката на Трамп.

„Првата дама би требало да носи достапна облека, со цена поприфатлива за просечните Американки и облека што е произведена во нашата земја. Мојата облека се изработува во Италија и е многу скапа. Мислам дека првата дама треба да ги претставува сите луѓе“, изјавува сега тој за Elle.

Секако, Трамп не остана рамнодушен, па во емисијата Fox and Friends категорично ги негираше овие наводи.

„(На Меланија) не и се допаѓа неговата облека, дизајнот. Ниту пак јас сум негов фан“, рече Трамп.