Уште еден свештеник уапсен со марихуана и дрога


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Полицијата од Краљево синоќа, околу 20 часот, го уапси С.М. (26), свештеник од Крушевац, кај кого биле пронајдени 52 грама канабис и 55 грама амфетамин, пренесува „Блиц“.

На свештеното лице му е одреден притвор, а полицијата го испрашува дали има врска со претходниот случај за дилање дрога во кој учествуваше М.Ј., парох на црквата во населба Савинац, Пожега, дознава „Блиц“.

Во февруари, во Мрчајевац, на крајот од февруари беа уапсени свештениот М.Ј. и наставникот по веронаука З.М. поради криумчарење на 27 килограми сканк.

Како што тогаш пренесе чачанскиот портал „Морава инфо“, повикувајќи се на извор близок до истрагата, наставникот по веронаука, при претресот, бил фатен преоблечен во жена во неговиот автомобил.

Се претпоставува дека Зоран М. се маскирал во жена со цел тој и совозачот да делуваат како пар. Наведено е дека при апсењето, свештеникот не бил облечен во мантија.