Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Само неколку месеци откако се појавија заедно во јавност, на фамозната Мет Гала свеченост, Кејти Холмс и Џејми Фокс наводно ја раскинале нивната љубовна романса.
Според E!News, Холмс и Фокс едноставно имале различни животни приоритети, а извор близок на парот за наведениот медиум изјавил дека веќе извесно време живеат разделени.
Оваа вест пристигнува непосредно откако Џејми беше забележан како се држи за рака со пејачката Села Вејв.
Холмс и Фокс прв пат беа видени заедно во 2015 година, иако гласините за нивната љубовна врска се појавија дури две години претходно, во октомври 2013 година.
И покрај фактот дека со години беа блиски, тие за својата романса во јавност не изнесуваа буквално никакви информации. Фокс дури и напушти едно интервју во 2018 година, кога новинарот ја спомна Кејти, бившата сопруга на Том Круз.