Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
100 милиони лица принудно ги напуштиле своите домови во 2022 година, што е за 10 милиони повеќе од минатата година, објави денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) на својата веб-страница.
УНХЦР наведува дека избувнувањето насилство или долготрајните конфликти биле клучни фактори за миграцијата во многу делови од светот, вклучувајќи ги Украина, Етиопија, Буркина Фасо, Сирија и Мјанмар.
Како што додаваат, илјадници очајни мигранти кои се упатиле кон Европа ги ставиле своите животи во рацете на трговците со луѓе и се движеле на опасни патувања низ Медитеранот, кои премногу често завршуваа со трагедија.