Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Брачен пар Фридрих-Вилхелм и Јута Крајевски од Бад Салцуфлен, Германија, вели дека петелот на нивната сосетка по име Магда излегува од неговиот кокошарник секој ден во 8 часот наутро и кукурига цел ден.
Фридрих-Вилхелм и неговата сопруга Јута велат дека нивните животи станале неподносливи.
„Не можеме да ја користиме градината, ниту да ги отвораме прозорците, тоа е неподносливо“, велат за Nw.De.
На друг сосед му здодеала секојдневната врева и се отселил. Соседите се обиделе да ја убедат сопственичката да се ослободи од петелот, но не успеале. На крајот на краиштата, тие поднеле тужба, која што била отфрлена.
„Нема место за петелот во мирна населба“, изјави нивниот адвокат Торстен Гисеке.
Наводно, петелот испуштал бучава до 80 децибели, што, како што велат, е еднакво на бучава од прометна улица. Но, сопственичката не сака да се ослободи од него. Вели дека му треба бидејќи во спротивно неговите кокошки меѓусебно би се искубале.
Ова не е прв случај некој да се жали на бучава на петел. На суд поради неговото гласно кукуригање заврши и петелот Морис од Франција, а по тој случај Франција со закон го заштити „чувствителното наследство на неговото село“.