Уште еден постхумно објавен спот на Дејвид Боуви – видео за No Plan


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последните три песни кои ги снимаше Дејвид Боуви пред да почине, No Plan, Killing A Little Time и When I Met You, се најдоа на неговиот нов албум – No Plan.

Копродуцент на песните е Тони Висконти, а освен овие песни, на албумот се најдоа и песните Lazarus и Blackstar, кои беа објавени уште пред смртта на легендарниот пејач.

Најновата песна No Plan си доби и свој спот, режиран од Том Хингстон. Останатите песни, останува да ги слушнете на новиот албум, додека добијат свои спотови.