Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Коронавирусот почна да ги принудува и организаторите на големите спортски настани да ги откажуваат спортските манифестации. Прва жртва од големите спортски турнири е тенискиот мастерс турнир во Индијан Велс.
Првиот Мастерс оваа година е откажан поради коронавирусот. Нема да се игра турнирот во Индијан Велс.
„Разочарани сме, но здравјето и безбедноста на заедницата, навивачите, играчите и сите останати кои учествуваат на турнирот е на прво место. Се надеваме дека ќе успееме да најдеме нов термин за одигрување на турнирот“, стои во соопштението на организаторот.
Со изјава преку својот твитер профил се јави и Рафаел Надал.
„Веројатно сите ги слушнавте вестите. Индијан Велс е откажан. Сите ние сме тука и одлучуваме што е следно. Многу сум тажен што сето ова се случува во светот со оваа ситуација. Се надевам дека наскоро властите ќе најдат решенија. Бидете добри и безбедни“, напиша Надал.