Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Скотланд Јард спроведува истрага против актерот Кевин Спејси поради трето обвинување за сексуална злоупотреба. Истрагата е отворена откако еден маж изјавил дека 58-годишниот оскаровец го нападнал во 2005 година во Лондон.
„На 13 декември добивме обвинение дека маж сексуално нападнал друг маж, трета жртва, во 2005 година во Вестминстер“, изјави портпаролот на лондонската полиција.
Полицијата не го спомена директно Спејси, но откри дека наводниот сторител е истата личност која е предмет на жалба од 2005 и 2008 година.
После првото обвинение против Спејси за сексуален напад, неколку мажи и жени изјавија дека актерот непримерно се однесувал кон нив. Истрага против актерот е покрената и во САД.
Лондонскиот театар Old Vic изјави дека добиле 20 лични сведоштва за наводно недолично однесување на Кевин Спејси, кој од 2004 до 2015 година работеше како уметнички директор на театарот.
Од излегувањето на сите обвиненија, актерот се нема појавено во јавност.