Уште еден блескав настап на Валиева кој го заврши со солзи – нема да има доделување на медали заради неа (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со 82.16 освоени поени, од кои 44.51 за технички елементи и 37.65 за претстава, руското „чудо од дете“ на мразот, 15-годишната Камила Валиева, беше најдобра на денешното натпреварување во кратка програма во уметничко лизгање.

Валиева заврши прва пред нејзината сонародничка Александра Трусова (со освоени 74.60 поени) а третопласирана беше Јапонката Каори Сакамото (со 79.84 поени) која исто имаше сјаен настап.

Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека доколку Камила Валиева заврши меѓу првите три после слободната програма, нема да има подиум, ниту официјално доделување медали и цвеќе. МОК одлучи доделување медали да има дури кога ќе заврши истрагата.

Сè што носеше на грб малата 15-годишна Валиева деновиве во Пекинг се виде уште на нејзниот прв скок во кратка програма, па не го изведе во целост до крај трократниот „аксел“, за да во продоложение се ослободи и доминираше.

Најдобрите 24 натпреварувачки во уметничко лизгање после кратката програма се квалификуваа за слободната програма која е на распоредот во четврток, 17 февруари.