Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
NASA ја објави последната, проштална фотографија која роверот Opportunity ја испрати од Марс пред засекогаш да се исклучи од употреба. На последната фотка се гледаат интересни детали од Црвената планета.
Пред да ја прекине својата работа, роверот Opportunity ја сними прошталната фотографија од Марс. На деталната фотографија (горе) се гледаат последните траги од роверот, пред засекогаш да запре и просторот пред него по кој уште долго нема да зачекори никој.
Сега веќе култниот ровер Opportunity е еден вид феномен во вселенските истражувања, зашто се движеше по Марс далеку подолго време од планираното. Роверот имаше мисија што требаше да трае 90 дена, но на крај издржа цели 15 години.
Фотографијата од 360 степени роверот ја испрати во мај минатата година, а со последната енергија ја испрати на Земјата. Во текот на 29 дена роверот фотографирал делчиња од околината во низа од 354 фотографии, пред да ги прати во НАСА.