Актуелно

Уште денес сончево и топло време

Денес, последниот вторник од октомври, во Македонија времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 19 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 23 степени. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 20 степени, Охрид, 19, Битола 24, Кавадарци 25, Крива Паланка и Берово 22, Дојран 26 степени.

Од утре облачноста ќе се зголемува. Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има во четврток и во наредните денови, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд.

Advertisements
To Top