Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во рамки на денешниот обид за извлекување од операциите за спасување на заглавените тајландски момчиња и нивниот тренер од пештерата во северен Тајланд на сигурно се извлечени уште четири момчиња.
Вкупниот број на момчиња денеска извлечени од пештерата е четири, по четирите што беа спасени вчера. Уште четири момчиња и нивниот тренер остануваат во пештерата.
Two more ambulances were seen, leaving #Tham Luang cave. They are believed to transfer the 6th and 7th boys to hospital. @TNAMCOT pic.twitter.com/JuNszzXy5V
— TNAMCOT English (@TNAMCOTEnglish) July 9, 2018
Тајландските морнарички „фоки“, воена единица што ја води спасувачката операција, потврди дека досега се спасени осум момчиња. На нивната фејсбук-страница не се открива идентитетот на спасените момчиња.
Како што заробените членови на фудбалскиот тим се спасуваат од пештерата и се носат во болница, фокусот се префрла на нивното долгорочно здравје и им се дава соодветна медицинска помош.
Здравствените експерти го проверуваат кислородот, неисхранетоста, дехидратацијата, посттрауматскиот стрес и други психолошки ефекти.
„Еден од главните проблеми сега е кислородот. Тие се во област каде што нивоата на кислород се ниски“, рече д-р Дарија Лонг Гилеспи од Медицинската школа на Универзитетот во Тенеси.
„Веднаш штом ќе излезат, тоа е она што тие ќе го проверуваат: нивните нивоа на кислород и нивното дишење“.
Наронгсак Осатанакорн, шефот на здружениот команден центар што ја координира операцијата, рече дека условите што предизвикале извлекувањето да почне вчера, односно сè помалите нивоа на вода во пештерата, спремноста на спасувачите и физичкото и менталното здравје на момчињата, биле исти и денеска, па спасувањето почнало пет часа порано од очекуваното.
„Условите се исто толку добри како вчера и спасувачкиот тим е истиот со неколку замени за оние што се премалени“, рече тој.
Заканата од монсунските дождови што ја поплавуваат пештерата не е толку сериозна како што претходно се мислеше, според Јоханес Сандер од минхенски институт за метеоролошки прогнози.
Тој рече дека врнежите од дожд денеска се главно по ридовите оддалечени од пештерата и дека утре ќе има помалку дожд.