Ушакова за жешката фотка: „10 години поминав во теретана, нема да си го кријам телото“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Промоторката и презентерка на рускиот хокеарски тим Спартак Москва, Јулија Ушакова, го брани клубот кој беше нападнат и обвинет за сексизам откако објави нејзина фотографија на која таа, повредена, лежи на болнички кревет (с)облечена само во танга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Юлия Ушакова (@yulia_ushakova) on

Ушакова, која го води „Silovoy Priyom“ шоуто на веб страната од Спартак, тврди дека ситуацијата и фотката биле целосно погрешно интерпретирани и инсистира на фактот дека токму таа прва ја објави фотката на нејзиниот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Юлия Ушакова (@yulia_ushakova) on

Во интервју за RT, 28-годишната бивша бодибилдерка и Мис Олимпија, која себеси се опишува како „лицето на ХК Спартак“, потенцира дека не очекувала нејзината фотка да привлече толку и такво внимание.

„Искрено, фотката не е направена во болница, туку во козметичко студио каде бев на третман“, открива Јулија.

„Бев изненадена што едноставна фотографија од мојот задник предизвика таков масовен јавен публицитет, бидејќи Инстаграм врие од такви фотографии“, објаснува Ушакова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Юлия Ушакова (@yulia_ushakova) on

„Откако мојата објава беше споделена на социјалните мрежи, добив голем број приватни пораки од непознати луѓе, вклучително и странци, кои ми нудеа големи парични суми за фото сесија“.

За обвинувањата за сексизам насочени кон клубот, таа вели дека станува збор за погрешна интерпретација и предрасуди на луѓето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Юлия Ушакова (@yulia_ushakova) on

„Спартак не ме ангажираше да промовирам сексуалност. Лично јас си ја промовирам сопствената сексуалност“, додава Јулија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Юлия Ушакова (@yulia_ushakova) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Юлия Ушакова (@yulia_ushakova) on

„Поминав во теретана цели 10 години, вежбајќи и работејќи на моето тело и форма, па зошто да го кријам тоа? Не, не прифаќам такво нешто. Секако, не сум порно модел, како што ме нарекоа некои медиуми“.

„Јас сум претставничка на фитнес индустријата и мојата кариера е изградена врз промовирање на сексуалноста и убавото тело. Секако, делумно се шегував кога ја објавив фамозната фотка од мојот задник, пишувајќи за повредата на глуждот која одвај е видлива на истата“, заклучува Јулија.