Усеин Болт не се откажува, доби шанса во нов клуб!

bolt

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се уште најбрзиот човек на светот, осумкратниот олимписки шампион го бара своето место под фудбалското небо.

Легендарниот спринтер од Јамајка, Усеин Болт и понатаму има голема желба да стане фудбалер и за таа цел започна да тренира со норвешкиот тим Стромгест.

Болт присуствуваше на неколку тренинзи на Борусија Дортмунд, беше и блуску до договор со јужноафриканскиот тим Мемелоди, а сега доби проба од една недела во Стромгест.

Осумкратниот олимписки шампион на својот Твитер профил објави слика од тренингот и порача „Следи го сонот“.

Фудбалерите на Стромгест во овој после 12 одиграни кола во домашното првенство се наоѓаат на 12-та позиција.