USA Today тврди: Тајната служба на САД е пред банкрот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американска тајна служба е пред банкрот поради бројните патувања на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите деца, пишува USA Today. Тајната служба веќе не може да плаќа стотина агенти кои се потребни за заштита на претседателот и неговото семејство, особено на честите посети на неговите имоти на крајбрежјето.

Директорот на агенцијата, Рандолф „Текс“ Алес, во разговор за USA Today изјавил дека над 1.000 агенти веќе ги достигнале прекувремените часови предвидени за цела година. Трамп речиси секој викенд ги посетува своите имоти на Флорида, Њу Џерси и Вирџинија, а неговите деца заминувале на деловни патувања во странство.

„Претседателот има големо семејство, а нашата законска одговорност е да ги штитиме. Јас не можам да го променам тоа, немам овластување за тоа“, изјавил Алес.

Тој рекол дека американската тајна служба моментално има најмногу лица под заштита во Белата куќа во историјата. Под заштита се 42 лица, а бројот вклучува 18 членови на семејството Трамп. Бројот на заштитени се зголемил за 31 лице во однос на администрацијата на Обама.

Тајната служба само за наем на возила за голф терените на Трамп потрошила 60.000 долари, а на деловно патување на Ерика Трамп во Уругвај потрошила речиси 100.000 долари само на хотелски соби.