Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Опишан од шефот на компанијата Стефано Доменикали како „супер спортски автомобил во каросерија на SUV”, новиот Lamborghini Urus ќе биде официјално претставен ова лето. Тој е едниот од најконтроверзни модели во 54 годишната историја на компанијата, ќе чини скоро колку моделот Huracan и ќе има вградено технологија од супер автомобилите.
Концептот за овој автомобил е претставен уште во 2012 на Beijing Motor Show, а од тогаш се забележани тестирања на многу прототипи слични на оригиналниот концепт.
Urus ќе има нов 4.0 литарски twin-turbo V8 мотор со над 600 коњски сили и 800Nm вртежен момент, автоматски менувач со двојна спојка и погон на сите тркала.
Автомобило ќе располага и со сличен електронски систем за управување на сите 4 тркала како новиот Adventador S, а ќе има и електронски амортизери.
Новиот Lamborghini Urus SUV ќе чини околу 212 000 евра, а подоцна ќе се појави и plug-in хибридна опција, која ќе биде прв „излет“ на познатиот италијански бренд. во светот на електрификацијата.