Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уругвај денеска ќе стане првата држава во светот каде марихуаната за рекреативни цели ќе биде под контрола на државата и ќе се продава во аптеките.
Само 16 аптеки во цела земја со население од 3,4 милиони луѓе ќе продаваат марихуана откако властите не успеаа да се договорат со големите фармацевстки компании.
Марихуаната ќе се продава за 1,30 долари по грам, а секое лице кое претходно е запишано на листата на потрошувачи, ќе има право да купи максимум 10 грама неделно.
Продажбата на марихуана во аптеките е согласно Законот од 2013 година донесен од претседателот Хозе Мухика, според кој може да се одгледува канабис на три начини: Одгледување во домот или во кооперативи за лична употреба, што веќе се применува. А, третиот начин е продажба во аптеките.
Од втори мај околу 5.000 луѓе се запишале во списокот на конзументи на марихуана.