Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен изјави дека Европската Унија треба целосно да престане да ги користи руските енергенси во следните пет години.
„Премногу сме зависни од руските фосилни горива, особено од гасот“, напиша Фон дер Лаен на Твитер по средбата со лидерите на ЕУ во Версај кај Париз.
Претседателката на Европската комисија кажа дека кон средината на мај ќе предложи план по кој нафтата, гасот и јагленот од Русија ќе бидат исфрлени од употреба до 2027 година.
Со ова Фон дер Лаен отиде чекор понатаму од планот на ЕУ претставен во вторникот, според кој фосилните горива од Русија би биле исфрлени од употреба до 2030 година.
Таа го најави овој план во момент кога лидерите на ЕУ се собраа во Версај за да разговараат за нападот на Русија на Украина и нови санкции против Русија.