Home Спорт Урнебесно: Џеко го соблече противникот по гаќи!

Урнебесно: Џеко го соблече противникот по гаќи!

Хаос на трибините, некоректно однесување на теренот го обележаа дерби мечот во квалификациската Група Х за пласман на Светското првенство, помеѓу Грција и Босна и Херцеговина.

На стадиoнот мечот започна со провокација на грчките навивачи, кои истакнале транспарент „Нож, жица, Сребреница“, а потоа и тргнаја да се пресметаат со противничките навивачи, но полицијата и редарите спречија да дојде до контакт на двете навивачки групи.

Случувањата на трибините создаде и тензична атмосфера на теренот која кулминира во 80-та минута, кога Пападопулос го турна Џеко, напаѓачот на БиХ изнервиран буквално му ги соблече гаќите на грчкиот дефанзивец.

Во целата мешаница некој од трибините со тврд предмет го погоди Џеко во главата. Судијата Ериксон на напаѓачот му покажа втор жолт картон, а на Пападопулос директен црвен картон.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…