Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот?
↓↓↓
Во рацијата на руската полиција на имотот на Евгениј Пригожин во Санкт Петербург наводно биле откриени прилично бизарни работи вклучувајќи фотографии од шефот на „Вагнер“, кој носи перики и лажни бради, кои целосно го промениле неговиот физички изглед.
Фотографиите предизвикаа бурни реакции кај корисниците на социјалните мрежи, а повеќето од нив коментираа дека „никогаш во животот не виделе нешто посмешно“.
Инаку, фотографиите на шефот на „Вагнер“ беа објавени откако руските безбедносни служби пронајдоа плакар полн со перики при рација во неговата палата во Санкт Петербург.
Holy shit! The Prigozhin photos are the funniest thing I have ever seen. 2023 gets wilder and wilder! pic.twitter.com/xe2h626fK7
Агентите на ФСБ пронајдоа и лажни бради, фалсификувани пасоши, оружје и муниција, чекан, златни шипки, препариран алигатор и врамена фотографија од наводно отсечените глави на неговите непријатели.
Касетите од рациите на крајот беа објавени во емисијата „60 минути“, која се емитуваше на руската државна телевизија.