Уривањето на надвозникот во Џенови ги чинеше милијардерите Бенетон 2 милијарди долари


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Милијардерското семејство Бенетон претрпе загуби кои се проценуваат на 2 милијарди долари како последица на трагедијата во која се урна магистралниот мост „Моранди“ во Џенова избриша, пренесува Стандард.мк. „Bloomberg“.

Според „Bloomberg“, милијардерите Бенетон контролираат 30.25 проценти од „Atlantia SpA“ – градежна компанија и сопственик на тол операторот во реонот на мостот „Autostrade per l’Italia SpA“. Уделот во „Atlantia“ е најголемото нивно средство, откако тој сочинува околу една третина од вкупното нивно богатство, кое се проценува на 13.3 милијарди долари.

Во последните денови, друштвото базирано во Рим, загуби 26% од вредноста на акциите поради трагедијата и подоцнежниот потег на владата да започне формална постапка за одземање на неговата лиценца.

Семејството Бенетон се најпопуларни по истоимениот бренд, под кој се продава облека.

Компанијата е основана во 1950-тите. Сега таа е само дел од десетиците средства на инвестициската компанија, во сопственост на семејството – „Edizione Holding SpA“. Вклучувајќи ја и Atlantia, семејството контролира јавни претпријатија вредни 9,3 милијарди долари.

Само неколку други луѓе во Италија се побогати од Бенетон, а меѓу нив се Фереро, популарни по нивното чоколадо.