Home Актуелно Уривањето на дивите плажи на охридското крајбрежје запрено од Уставниот суд

Уривањето на дивите плажи на охридското крајбрежје запрено од Уставниот суд

На вчера одржаната седница, Уставниот суд го запре уривањето на дивите плажи на Охридското Езеро. Како образложение за оваа одлука посочи дека уредбата на Владата со законска сила не била мерка за справување на последиците од корона вирусот.

Во соопштението на Уставниот суд пишува дека тој повел „постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оваа уредба согласно“.

Извори од Уставниот суд за порталот сдк.мк изјавиле дека „овој вид Уредба нема врска со вонредна состојба. Тоа Владата може да си го спроведе со закон, а не со уредба со законска сила за време на вонредна состојба. Вакви уредби се дозволени само за оправдани цели, за нешто што има врска со сузбивањето и со борбата со корона вирусот, поради кој е прогласена вонредната состојба. Што има врска со ковид-19 обврската на закупецот на плажа на кого му истекол договорот за закуп?“

Минатата недела амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, за време на посетата на Охрид им даде целосна поддршка на локалните власти за справување со дивоградбите.

„Вашите претци не ви го оставија градот Охрид, ниту Охридското Езеро за вие да ги уништите, туку да ги оставите за идните генерации“, изјави тогаш Жбогар, кој во придружба на градоначалникот Константин Георгиески направи обиколка на плажите каде се врши отстранување на урбана опрема и конструкции од крајбрежјето согласно Планот за управување со Охридскиот регион, што е дел од обврските за зачувување на светското природно и културно наследство на Охрид заштитено од УНЕСКО.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…