Уредничка во рускиот „Прв канал“ упадна во вестите со анти-воена парола – веднаш ја уапсија (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новинарка во рускиот ТВ канал „Прв канал“ беше приведена откако упадна во студиото на информативната програма „Времја“ за време на пренос во живо со транспарент против војната во Украина.

Вработената се вика Марина Овсијаникова и работи како телевизиски уредник.

Откако таа се појави зад водителката со плакат на кој пишуваше „Не на војната. Стоп за војната. Не верувајте во пропагандата. Овде Русите ве лажат за војната“, била одведена во полиција. Составен е записник според новиот член од Кодексот за административни прекршоци – за дискредитација на руските вооружени сили.

Видеото стана вирално на социјалните мрежи и предизвика бран коментари. Телевизијата започна внатрешна истрага за инцидентот.

Од Фејсбук профилот на Марина Овсијаникова е јасно дека живее во Москва, студирала на Руската академија за јавна администрација. Нејзината сегашна фотографија на профилот вчера беше сменета со апликација на бел гулаб како порака за мир. Самата новинарка носи накит со боите на украинското знаме – сина и жолта.