Уранија Пировска поставена на претседателската позиција од Комисијата за помилување


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Претседателот на државата Стево Пендаровски донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување.

Како што соопшти кабинетот на Пендаровски, за претседател на Комисијата за помилување е именувана Уранија Пировска, извршна директорка на „Хелсиншкиот комитет за човекови права“, а за членови се именувани Фехми Стафа, Љубомир Јовески, Љубомир Михајловски, Темелко Ристевски, Ерол Рушид, Томислав Кежаровски, Божин Аврамовски, Сафет Aлиу, Зора Митиќ и Билјана Петковска.

Уранија Пировска е именувана за претседател на Комисијата за помилување на местото на Сабит Кранли, а нов член во Комисијата е новинарот Томислав Кежаровски.

На местото на актерката Сабина Ајрула, за член на Комисијата за одликувања и признанија Пендаровски донесе одлука за именување на актерката Амернис Јовановска-Нокшиќи.