Вебкафе

Ураганот Ирма улица на Флорида ја претвори во песочна плажа

Ураганот Ирма донесе огромни проблеми и предизвика материјална штета, а однесе и многу жртви на Флорида, оставајќи зад себе вистински хаос.

Околината на Нејплс, Мајами и островите Флориа Кис претрпеа огромни штети, а без струја останаа околу четири милиони луѓе. Моќниот ураган една улица на Флорида буквално ја претвори во песочна плажа.

Станува збор за државниот пат А1А, кој минува долж Атлантскиот океан, од Фернандин Бич јужно до Ки Вест. Овој пат после ураганот изгледаше како плажа, целосно прекриен со песок.

Американските медиуми пренесуваат дека на асфалтот имало околу 30 см песок, кој бил нанесен под влијание на силните ветрови.

Откако помина олујата, локалните жители и сопственици на ресторани со заеднички напори почнаа да го чистат песокот, а на помош им стигнаа и булдожери. Градските власти проценуваат дека патот ќе биде затворен неколку дена. Процесот на чистење ќе трае без прекин.

Advertisements
To Top