Управителот на винарската визба Повардарие заработи кривична пријава


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Полицијата поднесе кривична пријава против В.К. од Кавадарци, управител во ВВ Повардарие во Неготино, во фирмата Анго Вест и на фирмата Агро Солар во село Рибарци, општина Росоман, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Во периодот од 12.12.2016 година до 25.04.2017 година В.К. неоправдано издал 170 фактури на правни и физички лица, продавал вино во шише, наливно вино, винарски дестилат и гроздов концентрат, при што причинил материјална штета од 38.234.129 денари, а во корист на правното лице Анго Вест, Кам-ДООЕЛ, Алеко-Комерц, Алеко-Компани, Агро-Лозар и други.

В.К. злоупотребувајќи ја службената положба, не го почитувал решението од 07.03.2017 година на судија од претходна постапка за забрана на износ на вино од ВВ Повардарие и решението на стечаен судија од 12.12.2016 година со кое се става општа забрана на имотот на ВВ Повардарие, пријавениот ја намалил вредноста на имотот на фирмата за сума од 38.234.129 денари и продолжил да изнесува вино и концентрати од ВВ Повардарие.