Управа за матични работи: „Нема уште долго за државјанство да се пишуваат коси црти“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кај новоиздадените изводи за родени, во графата за државјанство, моментално се пишуваат коси црти. Ист е случајот и во изводите за државјанство. Тоа ги револтираше граѓаните кои на социјалните мрежи споделуваат вакви официјални документи и го изразуваат својот гнев поради тоа.

Од Управата за матични работи во рамки на Министерството за правда велат дека тоа е комплексно прашање поврзано со Преспанскиот договор и дека за ова објаснување ќе дадат попладнево.

Во изводите од матичните книги за родени кои македонските граѓани во овој период ги добиваат не го пишува државјанството. Во графата за државјанство, наместо тоа да биде наведено, има коси црти (////).

Инаку, државјанството беше предмет на Преспанскиот договор со Грција. „Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи“, пишува во членот 1, став 3 од Преспанскиот договор.

И за лицата кои се родени пред Преспанскиот договор, во изводите нема да пишува Република Македонија. Наместо тоа кај графата државјанство засега, како што велат од Управата, ќе бидат напишани коси црти (////). Оние кои се родени пред Преспанскиот договор, во Република Македонија, по промената на уставното име на земјава, ќе имаат извод со „Република Северна Македонија“.

Вработени во Управата за водење на матичните книги добиле известување за тоа како да постапуваат. Во ова известување пишува дека „…во полето државјанство кое е задолжително поле во изводите од матичните книги на родените, венчаниците и умрените, ве известуваме дека при пополнување на тоа поле треба да пишуваат коси црти за лицата родени пред усвојување на Конечната спогодба и уставните амандмани и уставниот закон, односно за лицата родени до февруари месец 2019 година, додека за децата родени по февруари 2019 година во графата „државјанство“ треба да им се пишува Република Северна Македонија“.

Па има дообјаснување дека во електронскиот матичен регистар не е додадена опцијата за РСМ, па за лицата родени пред февруари 2019 година треба да се ставаат коси црти, а за оние после може да се пишува Република Македонија, а откако електронскиот портал ќе биде променет задолжително ќе им се пишува само РСМ. Дали е јасно?

Во член 3 од Преспански договор пишува дека „националноста на Втората страна ќе биде Македонци/граѓани на Република Северна Македонија, како што ќе биде запишано и во патничките документи“, а Грција ќе го признае државјанството на соседната земја како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Државјанството на „втората страна“ ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и како такво ќе се внесе во сите патни документи, наместо сегашното: Nationality/ Macedonian!

Останува прашањето зошто покрај „македонско“, ќе стои објаснување „граѓанин на Република Северна Македонија“. Во голем дел земји членки на ЕУ во личните документи зад „nationality”, стои припадноста, на пример „француско“ или„грчко“, а не „граѓанин на Франција“ или „граѓанин на Грција“. Во грчките патни документи, кај „nationality” стои „Greek”, како што стои и во сегашните македонски пасоши.

Поседувањето државјанство на една држава е препоставка/предуслов за уживање граѓански права, пишува во учебниците на правните факултети.