Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За само еден и пол месец граѓаните во Македонија платиле околу 240 илјади евра за купување ќеси за носење на прехранбени производи.
Податоците покажуваат дека нивната употреба е намалена за 10 пати во однос на претходните месеци во маркетите каде претходно ќесите беа бесплатни, а на местата каде претходно се продаваа по денар или два, продажбата е намалена за 4 пати. За разлика од поголемите маркети, во помалите продавници спроведувањето на законот не е задоволително, а на пазарите воопшто не се спроведува.
„Еден голем маркет лани во ноември пред да стапи во сила забраната за користење најлонски кеси даваше 800 илјади кеси бесплатно, а во декември продаде 103 илјади. Забележуваме дека има некои маркети и зелени пазари каде што сè уште не функционира како што треба. Идејата е да се разговара со Пазарниот инспекторат за да се вршат почести контроли. Сега сме во разговори со оние кои работат на пазарите, но и со главниот менаџер на пазарот…“
Од Пазарниот инспекторат велат дека досега извршиле околу 340 контроли, но не даваат конкретни податоци за бројот на констатирани неправилности, ниту каде најмалку се применува законот.
„Во одредениот временски период одобрени се 4 решенија од Одделението за инспекциски надзор – Битола согласно Законот за управување со амбалажен отпад.“
Министерот за екологија најавува дека ќе следат почести контроли во маркетите и додаде дека за носење на купените работи не е дозволена употреба на најлонски кеси со дебелина од 15 микрони, без разлика дали се со рачки или без рачки и додаде дека таквите ќеси треба да се платат 15 денари. Парите собрани од продажбата се вели дека ќе се користат за да им се помогне на општините да ја создадат потребната инфраструктура за селекција на отпадот.