Упаднал со мачета во загрепската класична гимназија, направил инцидент и избегал


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Младо машко лице со засега непознат идентитет, вооружено со мачета, денеска околу 14 часот упаднало во загрепската класична гимназија, јавува Индекс.хр.

Според информациите, тој влегол во паралелката во која имало ученици и наставник, по што, неофицијално, дошло до вербална пресметка со друг ученик. Тогаш вооружениот млад човек побегнал и сега полицијата трага по него.

Инаку, класичната гимназија е опремена со камери за надзор, па се претпоставува дека тие го снимиле човек кој вооружен со мачета влета во училиштето.

Според неофицијални информации, младиот човек не е ученик на класичната гимназија.

Полицијата се уште е на терен и ги утврдува сите околности на настанот. Наскоро би требало има повеќе информации за необичниот настан.