Универзитетска студија тврди: Отворање на границите во САД ќе значи дополнителни 350.000 мртви од коронавирус до крај на јуни


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според податоците добиени од резултатите на најновата студија направено од Универзитетот во Пенсилванија, попуштањето на рестриктивните мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот во САД може да има сериозни последици.

Според буџетскиот модел Пен Вортон, повторното отворање на границите на државите ќе резултира со дополнителни 233.000 смртни случаи од корона вирус, дури и ако државите воопшто не се отворат и ги почитуваат правилата за социјална дистанца.

Тоа значи дека ако државите се отворат, вкупно 350.000 луѓе ќе умрат од корона вирусот до крајот на јуни, покажа студијата, пренесе порталот Јаху фајненс.

Кент Сметерс, директор на ПВБМ, рече дека одлуката за повторно отворање на државите на крајот е нормативна пресуда која се сведува на статистичката вредност на животот.

Тој објасни дека тоа не е суров начин да се стави доларската вредност на живот, но дека е идеја дека луѓето ќе ризикуваат поради економската награда.

Бројката далеку ги надминува проценките и моделите кои Белата куќа ги наведува повикувајќи се на Универзитетот во Вашингтон, според кои до почетокот на август бројот на смртни случаи би изнесувал приближно 73.000.

Американската економија се ниша поради рестриктивните нерки па 30 милиони Американци останаа без работа и покрената е расправа за тоа колку долго ограничувањата може да останат на сила.

Некои држави како Џорџија, одлучија делумно да ја отворат економијата дозволувајќи им на рестораните, фризерските салони, салоните за мсажа и други повторно да работат.

Но, и парцијално отворање на економијата ќе предизвика пораст на бројот на починати, покажуваат податоците на Универзитетот.

Според буџетскиот модел Вортон, уште дополнителни 45.000 животи ќе бидат изгубени, со што бројот на починати во САД од епидемијата ќе биде 222.000.

Но, политиката на повторно отворање на државите ќе овозможи економски поттик.