УНИЦЕФ алармира: Поради коронавирус пандемијата уште 150 милиони деца во светот се погодени од глад


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Како последица на пандемијата на коронавирусот и карантинските мерки уште 150 милиони деца во светот се погодени од сиромаштијата, според анализите коишто во четвртокото ги објавија УНИЦЕФ и организацијата Save the Children.

Од почетокот на пандемијата забележан е 15-процентен раст на бројот на децата кои живеат во немаштија во државите со средни и ниски примања. Со тоа вкупниот број се зголемил на околу 1,2 милијарди деца, проценуваат споменатите организации.

Во извештајот се наведува дека најсиромашните деца на светот стануваат уште посиромашни и се предупредува дека состојбата следните месеци ќе стане уште полоша.

„Семејставата кои беа блиску до бегството од сиромаштијата, сега се повлечени наназад, другите доживуваат нивоа на оскудица коишто претходно не ги чувствувале. Она што најмногу нѐ загрижува, е што сме поблиску до почетокот на оваа криза, отколку до нејзиниот крај“, истакнува во писмената изјава извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.

Двете организации ги повикуваат владите брзо да ги прошират системите за социјална запштита, пристапот до здравствена заштита и овозможувањето на учење на далечина.

„Децата кои ќе го загубат образованието, веројатно ќе бидат принуден на детски труд или на ран брак, и со години ќе бидат заробени во кругот на сиромапштијата“, изјави директорката на Save the Children, Ингер Ашинг.

Истражувањето ги анализирало податоците од повеќе од 70 земји за тоа дали децата се лишени од образование, медицина, домување, храна, санитарни услови и вода.