Уникатни женски биоразградливи хулахопки достапни на македонскиот пазар


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, компанијата „Фор лејди“ на македонскиот пазар ја пласира нивната уникатна иновација – биохигиенски и биоразградливи алое хулахопки, кои не само што ги негуваат нозете, туку и влијаат врз заштита животната средина, бидејќи се разградуваат десетпати побрзо од стандардните.

За реализацијата на овој производ пресудна е, како што вели и самата иноваторка Сања Лазаревска, поддршката од Фондот за иновации и технолошки развој, со која за само една година производот од идеја стигнал до пазарот за продажба.

„Финансиската поддршка од ФИТР беше пресудна за почетокот на овој проект во овој момент. Ние секако оваа идеја ќе ја реализиравме, но тој процес ќе се одвиваше многу побавно без соодветно финансирање на развојот на производот. Поддршката беше финансирање во склоп на повикот за финансирање на иновации од ФИТР, на кој нашата компанија аплицираше со проект за развој на нов иновативен производ и беше одбран за кофинансирање. Од ФИТР добивме огромна поддршка во размена на know-how, вмрежување со експерти и ментори кои ни беа од голема помош при развој на стратегијата на пазарот, како и детектирање на потенцијалните можности за развој“, вели за МКД.мк Сања Лазаревска, проект менаџер на компанијата.

„Идејата за оваа иновација дојде од мене, поттикната од потенцијалот за развој на фамилијарниот бизнис кој постои веќе 25-та година. Долго време размислував во кој правец сакам да се движи бизнисот во следните 5-10 години. Почнав да истражувам што се нуди на пазарот и генерално во светот на текстилната индустрија. Трендот беше јасен дека секоја општествено одговорна компанија се движи кон бизнис кој ќе има што е можно помало влијание на животната средина. Во денешново време на брза мода, застрашувачки е фактот колку тони отпад доаѓаат токму од текстилната индустрија“, објаснува Лазаревска.