Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Собранието на Македонија си правеше уличен перформанс на кој ги осуди на 101 година затвор Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, за тоа што ја доведоа државата во потчинета состојба.
„Судот на народот ги прогласува за виновни и ги осудува за велепредавство. Лицето Димитар Ковачевски го осудува на 101 година за велепредавство, лицето Бујар Османи на 101 година за велепредавство, лицето Бојан Маричиќ на 101 година за велепредавство. И не само за велепредавство, туку и за криминалот кој што го направија. Овие лица имаат право на жалба, ама немаат право на прошка од страна на народот за распродажбата на националните и државните интереси“, рече Јана Марија Стефановска.