Унгарскиот „За телото и душата“ се закити со берлинската „Златна мечка“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Унгарскиот филм „За телото и душата“ во режија на Илидикo Енједи ја освои Златната мечка на Берлинскиот филмски фестивал.

Љубовната приказна која е раскажана низ дејствотона филмот е сместена во чудно опкружување, во кланица во Будимпешта во која вработените работното време го минуваат меѓу ладнокрвна рамнодушност и црн хумор.

Енједи е една од четирите режисерки чии дела конкурираа за првата награда на Берлинскиот филмски фестивал.