Унгарија од утре „под клуч“ за странски државјани


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со указ даден од унгарскиот премиер Виктор Орбан, во Унгарија се забранува влез на странци, со неколку исклучоци. Забраната, која стапува на сила утре, беше објавена минатиот петок.

Исклучоците се однесуваат за владини службеници кои организираат службени настани, приматели на медицински услуги, странски студенти со потврда дека се редовни, возачи на камиони на пат кон дома, гости на семејни собири како свадби и учесници во спортски, културни или религиозни настани.

Секој на кој му е дозволено да влезе во Унгарија мора да оди во двонеделна карантин и да се тестира негативно за вирусот корона двапати.

Двонеделен карантин е задолжителен и за Унгарците кои се враќаат во земјата од странство.