Home Актуелно Унгарија најави дека ќе стави вето на предлогот од ЕУ за забрана за увоз на руска нафта

Унгарија најави дека ќе стави вето на предлогот од ЕУ за забрана за увоз на руска нафта

Портпаролот на Владата на Унгарија, Золтан Ковач, најави дека нивната земја ќе стави вето на предлогот на Европската Унија за забрана на увоз на руска нафта.

Ковач кажа дека предлогот на ЕУ „не е прифатлив“, додавајќи дека ембарго на руската нафта би ја „уништило унгарската економија“. Неговите изјави го доведуваат во прашање новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, бидејќи мора да го одобрат сите 27 членки на Унијата.

„Да, ќе ставиме вето. Мора да се сетите како Европската Унија функционира. Овој предлог доаѓа од Брисел. Тоа е административен, бирократски центар на Европската Унија. Не доаѓа од земјите членки“, кажа Ковач.

„Тие многу добро знаат дека тоа што го предлагаат оди против унгарските интереси. Тоа не е остварливо на терен. Ако се согласиме на тој предлог, целосно ќе ја уништиме унгарската економија“, кажа портпаролот на унгарската влада.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…