Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Унгарија планира пред лидерите на Европската Унија да го отвори прашањето за преиспитување на санкциите против Русија поради актуелната војна со Украина, порача Балаж Орбан, политичкиот советник на унгарскиот премиер.
„Санкциите се на сила на ограничен период и не се продолжуваат автоматски. Тие се на сила околу десет месеци, така што е крајно време во Брисел да се разговара за тоа кои санкции имаат смисла, а кои не. На сите им е јасно дека со одржувањето на санкциите едноставно си пукаме самите себеси во нога“, кажа Балаж Орбан во интервју за порталот Индек.
Тој јасно кажа дека Унгарија „не поддржува никакви санкции“, а се согласила да не блокира одделни санкции поради европското единство.
„Меѓутоа, кога виталните интереси на Унгарија се во прашање или се бориме за изземање или го опструираме носењето санкции. Тоа досега беше ставот на Унгарија“, кажа политичкиот советник на унгарската влада.
Претходно денес унгарскиот премиер Виктор Орбан кажа дека неговата земја „во руско-украинската војна е на страната на Унгарците“.
„Нашиот одговор на прашањето дали сме на добрата или лошата страна на историјата е дека сме на унгарската страна на историјата. Ја поддржуваме и помагаме Украина, во наш интерес е Украина да биде суверена и во наш интерес е Русија да не претставува безбедносна закана за Европа, но не е во наш интерес да се откажеме од сите наши економски врски со Русија“, кажа Орбан за весникот Маѓар немзет.