Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не е сигурно дека Унгарија треба да ја одобри ратификација на шведското пристапување во НАТО, изјави претседателот на унгарскиот парламент за локалната телевизија Хир, сигнализирајќи понатамошно одложување на процесот.
Унгарскиот процес на ратификација стои во парламентот од јули 2022, а Будимпешта изрази загриженост околу шведското членство во НАТО поради критиките од шведски политичари за „демократското назадување“ на Унгарија.
Турција и Унгарија сè уште не ја ратификувале кандидатурата на Шведска за придружување во западниот воен пакт. „Не ни треба сојузник кој има такво мислење за нас“, кажа Лазло Ковер. „Не е сигурно дека ќе гласаме за Шведска во НАТО“, истакна тој.
Тој реферираше на краткиот шведски образовен филм за ученици кој ја критикува состојбата на демократијата во Унгарија.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто веќе испрати отворено писмо до шведскиот колега во кое истакнува дека се меѓусебно контрадикторни барањата унгарскиот парламент да го ратификува шведското членство во НАТО и нападот врз унгарската демократија.
Шведска и Финска аплицираа за НАТО минатата година по руската инвазија на Украина. Финска доби зелено светло во април, но Шведска ја блокираат Турција и Унгарија. Будимпешта кажа дека ќе го одобри шведското членство откако тоа ќе го направи Анкара.