Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
УНЕСКО им даде рок на Охрид и Македонија до февруари, 2020 година, да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства. Оваа одлука беше донесена на 43. сесија на УНЕСКО одржана во Баку, Азербејџан. Засега охридскиот регион останува надвор од листата на загрозени подрачја.
Делегацијата од Македонија, министерот Едмонд Адеми, заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, успеале да ги убедат експертите на УНЕСКО дека веќе била запрена изградбата на дивоградбите и дека до февруари ќе можат да ги спроведат препораките.
Медиумите деновиве ги потсетуваат властите на неколку дивоградби кои и покрај решенијата за уривање или немањето дозволи за градба, продолжуваат да се градат без никакви проблеми. Здружението „Фронт 21/42“ предупреди дека од ноември 2017 до април 2019 година се легализирале 250 дивограби.
Инспекциските служби во Охрид кај 1.076 предмети констатирале нелегална градба, од кои 409 се во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во Стариот дел на градот. , изработен согласно со препораките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.
Од УНЕСКО испорачаа низа барања од државата, а меѓу првите е да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.
Општина Охрид досега само го подготви регистарот на нелегални градби согласно препораките на УНЕСКО, ги тргна палмите и дел од билбордите од центарот на градот, на кејот.