Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалерите на Ајакс вчера успеаа да го совладаат Јувентус со 2:1 во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, пишува Спортски.мк.
Малкумина беа оние кои очекуваа дека холандскиот тим може да помине откако првиот натпревар во Амстердам заврши со резултат 1:1.
Меѓутоа Ајакс во Торино одигра навистина храбро и заслужено помина во полуфиналето од ова натпреварување. Јувентус поведе во 28-та минута со голот на Кристиано Роналдо и тогаш изгледаше како работата да е решена.
Холанѓаните не паднаа во играта после тој гол, напротив заиграа уште подобро и веќе во 34-тата минута изедначија на 1:1, а стрелец беше Ван Де Бек.
Матијас Де Лихт со голот во 67-та минута донесе победа на Ајакс. Холандскиот тим одигра чудесно второ полувреме и доминираа на теренот, можеа да постигнат и уште некој гол во мрежата на Јувентус.
Како Ајакс играше најдобро покажува акцијата на играчите на овој тим од 56-тата минута кога со низа фантастични додавања исфрлија неколку фудбалери на Јувентус и стигнаа до голот.
Извор: Спортски.мк