Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во едно од неговите интервјуа, завчера починатиот сплитскиот пејач и балканска музичка легенда, Оливер Драгојевиќ, се присети и раскажуваше за еден од неговите концерти, закажан во Марибор, на кој дошле само пет лица.
Оливер тогаш свирел со Кемал Монтено, а двете легенди на турнејата еден месец делеле соба.
„Видов дека во публика има пет лица и му го кажав тоа на Кемал. Тој рече дека никогаш не бил во таква ситуација и дека не знае што ќе прави. Одлучив да ги земеме гитарите и да се спуштиме меѓу нив“ – објасни Оливер.
Така и направиле. Ги зеле гитарите, се симнале меѓу малкуте обожаватели во публиката и секого посебно го прашале што сака да чуе. Кога ги отсвиреле песните кои луѓето сакале да ги чујат, ги поздравиле и им ги вратиле парите за влезниците.