Уловиле питон тежок рекордни 100 килограми – еве кој бил неговиот последен оброк (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Група биолози уловиле женка на бурмански питон на Флорида долга 5,5 метри и тешка 100 килограми.

Тоа е најголемиот примерок од овој вид кој некогаш бил уловен во оваа област. Станува збор за женка која снела 122 јајца.

Животното е фатено во шумата Picayune Strand во округот Колиер, Флорида. Иако научниците не сакаат да шпекулираат, биологот Иан Бартошек вели дека постои голема веројатност огромниот питон да е домашно милениче кое било пуштено во дивина пред неколку децении.

Во последниве години, питоните ја преплавија областа и избркаа и уништија бројни автохтони видови. „Можно е да имаме повеќе бурмански питони во Јужна Флорида отколку што има моментално во Југоисточна Азија“, изјавил Бартошек за американските медиуми.

Оваа џиновска женка питон е уловена пред половина година, но научниците дури сега ја претставиле на јавноста. Била евтаназирана набргу откако била фатена, а научниците ќе се обидат да откријат што е можно повеќе за овој вид врз основа на овој примерок.

Инаку, и биолозите биле изненадени од она што го пронашле во стомакот на огромната змија. „Последниот оброк на ова животно бил елен со бела опашка, со кој обично се хранат пантерите“, откриле тие.