Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во утробата на 185 килограми тешкиот сом кој го уловија едни рибари, беа пронајдени коски кои ги шокираа риболовците кои го направија импресивниот улов.
Полските рибари Алфонс Брзовски и Марек Жданович пред две години уловија капиталец во водите на Одра, но нивната приказна деновиве повторно стана вирален хит.
Во џиновскиот сом, за кој некои мислат дека е најголем било кога уловен, беа пронајдени човечки коски и нацистичка значка, а после истрагата која беше направена, испадна дека коските му припаѓаат на германско воено лице од периодот на Втората светска војна.
Според проценките на биолозите, сомот е стар помеѓу 90 и 110 години. Експертите не можеа да потврдат дали сомот го усмртил војникот или само го изел неговото веќе мртво тело.