Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Локалното население од малезискиот остров Борнео знае како се прави специјалитет од питонско месо кое таму се смета за деликатес. А уловот кој го направија група селани пред некое време бил одлична прилика цело село да се гоштева со месото на уловените питони.
Женка питон долга 6 метри и многу помал мажјак биле пронајдени од локалците како се парат во внатрешноста на едно шупливо дрво. Кога поминувале крај паднатото дрово, селаните слушнале чудни звуци кои го привлекле нивното внимание, па решиле да проверат што се случува, а сето тоа го документирале во видео формат.
Со помош на моторна пила тие ја пресекле кората и биле воодушевени кога ви виделе рептилите, кои се сметаат за деликатес во далечниот регион Саравак. Неколку мажи ги влечеле животните пред да бидат застрелани и ставени во камион. Подоцна истите им биле сервирани на гладните жители на селото.
Кога се вратиле во селото биле поздравени од селаните, а месото било поделено подеднакво на селаните и на фармерите кои се наоѓале во близина на селото.