„Уловени“ како ги кршат правилата: Пандев и Ангеловски со семејствата се почестија во луксузен ресторан во Букурешт


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Капитенот Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски заедно со своите фамилии беа фотографирани на вечера во ресторан, што е спротивно на правилата на УЕФА на ова ЕП.

Романскиот „Про-спорт“ ги улови Пандев и Ангеловски со семејствата во еден од најлуксузните ресторани во Букурешт, во комплексот Херастау додека останатите репрезентативци останаа во хотелот во „Мериот“.

Според правилата на УЕФА, играчите и стручните штабови на репрезентациите не смеат да го напуштаат клупскиот хотел, освен кога станува збор за тренинг или натпревар.

Македонија денес лета за Амстердам, а играчите кои играа против Украина имаат слободен ден и нема да тренираат.

Останува да видиме дали УЕФА ќе ги казни Ангеловски и Пандев поради прекршување на протоколот.