Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во 1987 година Лос Анџелес ја усвои фразата „насилство во сообраќајот“ после серијата намерно предизвикани сообраќајни несреќи и оттогаш овој град е познат по сообраќајното насилство и автомобилската агресија.
Најновиот пример на насилство е од Северен Холивуд, а се случи во понеделникот вечерта. На снимките се гледа како BMW безмилосно се обидува да истурка камион „Ford“ од патот. Возачот не се двоуми да го уништи скапиот BMW 7 со релативно стар и значително поевтин пикап-камион F-150.
View this post on Instagram
Според неофицијалните информации, тоа било одмазда за претходен настан кога возачот на Ford удрил во BMW-то и избегал. Иако во близина има основно училиште и автомобилите лесно можеа да завршат на тротоарот, беше избегната трагедија и нема повредени во оваа несреќа.
Полицијата го сними целиот настан. Тие го објавија видеото со коментар „напад со смртоносно оружје“ и информираа дека возачот е уапсен. Не е прецизирано кој р тој, но возачот на БМВ се очекува да заврши во затвор. И кога се гледа материјалната штета, сосема е јасно кој го извлече подебелиот крај.