Украл еден милион фунти во биткоини и се фрлил на раскош и луксузен живот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Млад Британец се сомничи дека украл биткоини во вредност од 1 милион фунти и со средствата живеел луксузен живот, но бил откриен од властите кои започнале кривична постапка против него.

30 годишниот Рајан Кенеди од Бат, Велика Британија ги негира осумте точки од обвинението за измама. Тој наводно има софистициран метод за мамење на корисници на интернет по што се стекнувал со биткоини, но повеќе детали не се откриваат поради претстојното судење.

Британската полиција цели три години водела истрага против Кенеди по што е поведа акција за негово приведување и покренато е обвинение.