Украл 250.000 фунти од фудбалски клуб и ги спискал на оваа силиконска убавица


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


37-годишниот Ендру Барнбрук украл четврт милион фунти од фудбалскиот клуб AFC Flyde, во кој тој бил помошник сметководител. Парите типот ги трошел на неговата „силиконска“ ескорт девојка и нејзините секси настапи.

Барнбрук му направил финансиска штета од 250.000 фунти на фудбалскиот клуб AFC Flyde, кој настапува за англиската конференциска лига за над 250 000 фунти , за да ги троши на атрактивната ескорт дама Викторија Синклер.

Освен на нејзините настапи, парите ги трошел и на подароци за девојката.

Барнбрук бил помошник сметководител на клубот, а дел од парите искористил и за да може да си ја задоволи својата зависност од онлајн коцкање.

За минута веб шоу со Викторија плаќал по 4 фунти. Тој ја признал измамата и сега го очекува судење во април.

„Тажно е тоа што една девојка од Манчестер заработи од сето ова, а ние немаме никакви легални права за да си ги вратиме тие пари.” изјави претседателот на клубот, Дејвид Хартонтвајт.

Викторија сега вози Range Rover Sport од 65.000 фунти и има над 1.100 поени на нејзиниот онлајн профил за секси услуги.