Украинците слават во Лиман и палат руски знамиња – објавена снимка од уништен руски конвој


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Украинската армија во текот на вчерашниот успеа да ослободи голем дел од градот Лиман кој им припаѓал на руските војници. Денеска на социјалните мрежи се шират снимки од украински војници како го „чистат“ градот и палат руски знамиња по ослободувањето на полициската станица.

По долги битки, Украинците го ослободија Лиман од Русите, а вчера околу 13 часот ги подигнале знамињата на западниот влез во градот. Новинарот на британскиот „Гардијан“ Лук Хардинг на социјалната мрежа „Твитер“ објави видео од украинските војници како го креваат знамето пред знакот на влезот во градот Лиман. Претходните денови се водеа жестоки битки за контрола на Лиман, а во петокот руските сили признаа дека биле „опколени“ од украинските сили.

Се проценува дека околу 5.000 руски војници наводно се оставени во Лиман да ги бранат своите позиции. На социјалните мрежи се шират информации дека Лиман е ослободен, но се уште нема официјална потврда. На социјалната мрежа „Твитер“ споменатиот новинар на „Гардијан“ објави видео од украинските војници како палат руски знамиња по ослободувањето на полициската станица во градот Лиман. Овој град се смета за важно стратешко место и поради тоа борбите во него се интензивираат.

„Се спроведуваат мерки за стабилизација“, соопштија украинските вооружени сили.

Украинците објавија и снимка направена од воздух на која, како што се тврди, е снимен уништен руски воен конвој кој се обидувал да избега од Лиман.