Украинското МО тврди: Околу 800 загинати во руските воени редови од почетокот на руските воени дејствија во Украина


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Одбранбените операции на украинската армија резултираа со околу 800 жртви меѓу руските војници од почетокот на воените дејствија вчера во раните утрински часови.

Ова го покажуваат податоците на украинското Министерство за одбрана, пренесени од Си Ен Ен. Сепак, американскиот медиум нагласува дека неговите извори не можат со сигурност да ја потврдат веродостојноста на податоците.

Покрај тоа, според украинската страна, уништени се повеќе од 30 руски тенкови, како и седум авиони и шест хеликоптери.

Истовремено, украинската армија го разнесе мостот на реката Тетерев, на околу 50 километри од главниот град Киев, со цел да им го отежне преминот на конвојот од руски тенкови преку главниот град.